Тренерот Божидар Мојсов промовиран во тимот на Прилеп

Екипата на Прилеп, која за следната сезона има високи амбиции ќе има нов тренер, а тоа е Божидар Мојсов.

Мојсов доаѓа од екипата на Еурофарм Пелистер, каде беше помошен тренер. Тој своето искуство го надополнува и со бројни настапи во европската лига, СЕХА лигата, каде како најголем успех се издвојува бронзениот медал во 2022 година.

„Амбициите на Прилеп секогаш се да се избори плеј-оф. Сепак, гледајќи ја ситуацијата ни преостанува да дадеме максимум и да пробаме да дојдеме до најдобар пласман. Работиме Прилеп да се крени на повисоко ниво, исто така управата работи на пронаоѓање на нови спонзори”, – изјави тренерот Божидар Мојсов.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести