Тренерот Владимир Глигоров стартуваше со Голден Арт, првиот предизвик викендов против Куманово

Владимир Глигоров како шеф на стручниот штаб вчера го одржа првиот тренинг со екипата, запознавајќи се со играчите и блиските соработници од тимот со кој следниот период ќе работи на обезбедување на опстанок во супер лигата.

Првиот предизвик за новиот тренер е тимот на Куманово во недела на гостински терен во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

(фото – Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.