Ракометарите на Партизан Гевгелија ја забележаа третата победа во 7. коло од Првата лига, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Шампион со конечни 30-22.
Шампион добро се држеше во текот на полувремето, но екипата на Партизан Гевгелија ја имаше контролата за на полувреме да замини со два гола предност од 16-14.
Второто полувреме беше формалност за екипата на Партизан Гевгелија кој успеа да го зголеми водството на шест гола, екипата на Шампион која настапи со девет ракометари немаше сили да направи изненадување и со пораз си замина од Гевгелија.
Најефикасен во составот на Партизан Гевгелија беше Тодор Узунчев со 12 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Кристијан Тодоровски со девет погодоци.
Рк Партизан Гевгелија 30-22 Рк Шампион
(фото-Рк Партизан Гевгелија)