Екипата на Алкалоид ја оствари третата победа по ред во Супер лигата, откако на домашен терен совладан беше тимот на Охрид со резултат 24-22.
Алкалоид имаше резултатска контрола во текот на целиот натпревар. На полувреме исто така водство имаше Алкалоид 12-11.
Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Александар Стојков со шест погодоци, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Халил Озтурк со седум погодоци.
(фото-Рк Алкалоид)📷