Трето издание на Ракометниот камп “40×20” во Охрид

Во Охрид ќе се одржи третото издание на Ракометниот камп “40×20” , како дел од проектот Ракомет За Секое Дете.

Ракометниот камп „40х20“, во организација на Агенцијата КМГ Спорт, ова лето од 30 jуни до 5 jули ќе се одржи на брегот на Охридското езеро.

Како никогаш претходно, оваа година интересот за учество на кампот е неверојатно голем, што го потврдува рекордно краткото време за кое се пополни предвидениот број на учесници, од Македонија, но оваа година со забележителен процент на учесници од Шведска, Шпанија, Србија и Турција.

Тренерскиот семинар во склоп на самиот настан, наменет за тренери кои работат со млади категории, по премиерата минатата година, оваа година ќе биде надграден и збогатен.

(фото – Ракометен Камп “40×20”)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.