Екипата на Тримо Требње каде настапуваат Милан Лазаревски и Тоше Ончев забележа победа против Јерусалем Ормож со 37-28 во првенството на Словенија.
Милан Лазаревски на овој натпревар имаше два погодоци од два обида кон голот, додека Тоше Ончев не беше во составот за овој натпревар.
Тримо Требње има 41 бод и е на второто место на табелата во првенството во Словенија.
(фото – Рк Тримо Требње)📷