Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го совладаа тимот на Голден Арт со конечни 25-21 во Супер лигата.
На пауза Еурофарм Пелистер 2 имаше предност од 13-10. Во вториот дел од натпреварот битолскиот тим продолжи со добрата игра, за на крај да слави против Голден Арт.
Најефикасен кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Стефан Талевски со 6 гола, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Мице Шилегов исто така со 6 гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷