Тројца ВИП гости добија прошетка низ “Јане Сандански” на натпреварот со Мелсунген (ФОТО)

На последниот меч од групната фаза од Лига Европа меѓу Вардар и Мелсунген, ВИП прошетка и подароци од клубот и играчите добија тројца навивачи.

Мартин Ивановски беше среќниот добитник кој имаше купено сезонски билет, и тој беше извлечен во наградната игра пред почетокот на групната фаза. Заедно со неговата ќерка го следеа мечот од ВИП ложата, ѕирнаа во соблекувалната на Вардар, добија дрес потпишан од играчите. Видоа како изгледа зад сцената кога игра Вардар.

Уште тројца навивачи го имаа истиот третман. Хозе Мата и Алексија Флорез кои допатуваа од Мексико. Хозе е дел од тимот на Вардар Мексико кој е основан откако Вардар во 2017 година првпат ја освои европската титула. Првпат Хозе и неговата вереница се во Скопје.

Германецот Фин Вачоу живее во Македонија, ја сака Македонија и Вардар. ВИП турата беше исполнување на една голема желба.

(фото – Рк Вардар 1961)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *