Турнирот во Струга ќе одбележи 50. години постоење

Од 16 до 20 август во Општина Струга по 50-ти пат ќе се одржи „Струшкиот турнир“ во ракомет.

По повод 50 годишниот јубилеен ракометен турнир во Струга се одржа прес конференција во просториите на Агенцијата за млади и спорт. На прес конференцијата учествуваа директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски, претседателот на Струга Кире Јовановски и генералниот секретар на РФМ Филип Милошевски.

На турнирот ќе земат учество екипите на Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Струга и Алкалоид, додека од странските екипи доаѓаат словенечки Целје, словачки Татран Прешов и грчки АЕК Атина.

(фото – Агенција за млади и спорт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести