Турнирот “Крсте Андоновски Усташ” во нов термин

Тимот на Охрид ќе го организира првиот меморијален турнир “Крсте Андоновски Усташ” кој се очекува да стане традиционален турнир.

Турнирот ќе се одигра на 23 и 24 август, додека учесници ќе бидат екипите на Охрид, Тинекс Пролет, Тиквеш 2014 и Партизан.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 23.08.2022 (двојките ќе се одредат со ждрепка), а натпреварот за 3-то место и финалето ќе се одиграат на 24.08.2022.

“Поради оправдани причини, а во консултација со сите четири екипи, првото издание на меморијалниот турнир “Крсте Андоновски – Усташ” се презакажува за 4 дена порано”, – изјавија од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.