Женскиот тим на Ѓорче Петров оваа година по втор пат ќе биде организатор на турнирот “Ѓорче Петров Куп 2022”.
Турнирот ќе се одржи на 26, 27 и 28 август и ќе се игра на отвореното игралиште покрај “Камин Кама”. Учесници на турнирот се шест екипи, три странски и три домашни.
Екипите ќе бидат поделени во две групи. Група А: Ѓорче Петров, Вардар и Бор, во група Б: Овче Поле Славјански Универзитет, Борац Бања Лука и Бекамент.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷