Турнир “Миле Нешкоски”: Божидар Илиески МВП, Иван Ангелески најдобар голман, Горан Ристовиќ најдобар стрелец, и награда за животно дело на Тодор Арапчески

По завршувањето на финалниот натпревар помеѓу екипите на Дубочица и Мулти Есенс на турнирот “Миле Нешкоски” во Прилеп, беа доделени индивидуални награди и признанија.

МВП или најдобар играч на турнирот беше Божидар Илиески од Мулти Есенс, додека најдобар голман беше Иван Ангелески од Прилеп, а најдобар стрелец беше Горан Ристовиќ од Дубочица.

Исто така беше доделена и награда за животно дело, оваа награда беше доделена на Тодор Арапчески – Тошко, поранешен голман и тренер на голмани во некогашниот Тутунски Комбинат Прилеп.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.