Се комплетираше 3. коло од групната фаза на турнирот “Миле Нешкоски”, а победи забележаа екипите на Дубочица, Струга, Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2.
Дубочица оствари висока победа против Прилеп со 34-18, додека составот на Струга го совлада тимот на Скопје 2020 со резултат 29-22.
Еурофарм Пелистер 2 успеа да триумфира против Кокс од Финска со конечен резултат 32-28. Победа забележа и Мулти Есенс против составот на Тинекс Пролет со конечни 29-25.
(фото – Рк Прилеп)📷