Турнир “Миле Нешкоски”: Прилеп со нова победа, победи и за Дубочица и Кокс, а реми помеѓу Еурофарм Пелистер 2 и Мулти Есенс

Се одиграа натпреварите од 2. коло од турнирот “Миле Нешкоски”, а победи остварија домаќинот Прилеп, Дубочица и Кокс, додека реми имаше на натпреварот Еурофарм Пелистер 2 и Мулти Есенс.

Домаќинот Прилеп забележа победа против Скопје 2020 со резултат 26-20. Тимот на Дубочица беше убедлив против составот на Струга со високи 35-21.

Кокс од Финска триумфираше против Тинекс Пролет со конечни 29-26, додека реми имаше на натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер 2 и Мулти Есенс со 34-34.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.