Се одигра 2. коло од турнирот во Охрид, “Крсте Андоновски – Усташ”, каде победи забележаа екипите на Олимпијакос, Еурофарм Пелистер, Охрид и Бутел Скопје.
Тимот на Олимпијакос забележа победа против Бешикташ од 29-26, и се пласираше во финалето. Составот на Еурофарм Пелистер успеа да го надигра тимот на Татран Прешов со конечни 29-24, и да избори место во финалето на турнирот во Охрид.
Ракометарите на Охрид ја остварија првата победа на турнирот, откако триумфираа против Голден Арт со резултат 27-24. Екипата на Бутел Скопје направи сензација, откако славеше против Металопластика со еден гол разлика 28-27.
(фото – ГРК Охрид)📷








