Викендов ќе се одржи турнир “Тоше Проески” во Струга, а ќе настапуваат ветерани и ветеранки од повеќе држави.
Турнирот ќе започне на 07.10.2022 година и ќе трае до 08.10.2022 година во Струга. На турнирот ќе учествуваат екипи од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
Во женска конкуренција пријавени се екипите на Струга, Прилеп, Гевгелија, Панчево, Пула, Фрајле. Во машка конкуренција пријавени се екипите на Велес, Куманово, Прилеп, ЗРВРМ, Студентски град, Нови Сад, Рума и Тузла.

(фото-Архива)📷