Вчера се одигра 1. коло од турнирот во женска конкуренција “Ѓорче Петров Куп 2023”, каде победи забележаа екипите на Ѓорче Петров, ПАОК, Црвена Звезда и Железничар Инџија.
Екипата на Ѓорче Петров славеше против Бор со резултат 35-23. Тимот на ПАОК беше сигурен против составот на Вардар со 30-24.
Составот на Железничар Инџија триумфираше против Бекамент со конечни 31-27, а победа забележа и тимот на Црвена Звезда против Панорама со високи 38-25.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷