Лесна и убедлива победа за ракометарите на Алкалоид на гостувањето во Автокоманда кај екипата на Металург РА со конечни 42-25.
Екипата на Алкалоид го презеде водството уште во првиот дел, за на полувреме да замини со убедливи 22-13. Второто полувреме беше само формалност составот на Алкалоид да освои нови три бода и нова победа во Првата лига.
Најефикасен во екипата на Алкалоид беше Јорданов со девет погодоци, додека кај екипата на Металург РА најефикасен беше Неданоски со 11 погодоци.
Рк Металург РА 25-42 Рк Алкалоид
(фото-Рк Алкалоид)📷