Ракометарите на Алкалоид забележаа победа на гостувањето во Кичево со убедливи 50-17 во натпревар од Првата лига.
Алкалоид добро го отвори првото полувреме, и на пауза имаше предност од 24-8. Гостинската екипа во вториот дел разликата ја направи голема, а домашната екипа мораше да се задоволи со убедлив пораз.
Најефикасен во екипата на Алкалоид беше Марко Стојковиќ со осум погодоци, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Александар Мирчески со шест погодоци.
(фото-Рк Алкалоид)📷