Екипата на Голден Арт забележа победа на домашен терен против Астраион со убедливи 42-26 во натпревар од Првата лига.
Во првото полувреме Голден Арт имаше контрола на резултатот, и на полувреме замина со висока предност од 23-10. Во второто полувреме добрата игра на Голден Арт продолжи, за на крај да го совлада Астраион со убедлива разлика.
Најефикасен кај екипата на Голден Арт беше Никола Димитров со девет погодоци, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Иванче Ончев со шест погодоци.
Рк Голден Арт 42-26 Рк Астраион

(фото-Рк Голден Арт)📷