Лесна и убедлива победа за ракометарките на Деспина на гостувањето во Гевгелија во натпревар од Суперлигата, со 30-18.
Уште на почетокот првото полувреме Деспина имаше високо водство, и на полувреме замина со 17-9. Во второто полувреме гостинската екипа продолжи да го полни голот на Гевгелија и да си замини со нови три бода и нова победа во Суперлигата.
Најефикасна во составот на Деспина беше Ангела Камческа со осум погодоци, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Драгица Митрова со седум погодоци.
ЖРК Гевгелија 18-30 ЖРК Деспина
(фото-ЖРК Деспина)📷