Деспина

Убедлива победа на Деспина против Феникс АМС

Ракометарките на Деспина славеа на гостувањето во Битола кај екипата на Феникс АМС со убедливи 20-31.

Деспина од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, и на полувреме замина со водство од 13-8. Во вториот дел гостинската екипа ја зголемуваше предноста, а домашната екипа неможеше ништо да направи и мораше да се задоволи со пораз.

Најефикасна кај Деспина беше Ангела Камческа со седум погодоци, додека кај Феникс АМС најефикасна беше Емилијана Ризоска со 11 погодоци.

ЖРК Феникс АМС 20-31 ЖРК Деспина

(фото-ЖРК Деспина)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.