Ракометарите на Охрид забележаа победа против Драчево со убедливи 41-27 во Купот, и за на Ф4 ќе се борат со екипата на Еурофарм Пелистер.
Охрид од почетокот на натпреварот го имаше водството, и на полувреме имаше предност од 21-11. Во вториот дел Охрид ја завери убедливата победа против Драчево.
Најефикасен во екипата на Охрид беше Славчо Шулески со 11 погодоци, додека кај екипата на Драчево најефикасен беше Димитар Матовски со осум голови.
(фото-ГРК Охрид)📷