Лесна и убедлива победа за екипата на Тинекс Пролет против Кичево за пласман во осминафиналето во Купот на Македонија, со резултат 51-20.
Ракометарите на Пролет уште во првото полувреме го превзедоа водството, но Кичево немаше одговор за нападот на Тинекс Пролет и мораше да се задоволи со пораз.
Најдобар стрелец во екипата на Тинекс Пролет беше Доне Мајнов со 14 погодоци, додека кај екипата на Кичево најдобар стрелец беше Дамјан Наумовски со пет погодоци.
Рк Тинекс Пролет 51-20 Рк Кичево 2020
(фото-Рк Тинекс Пролет)