Екипата на Чаир оствари убедлива победа на свој терен против екипата на Кузман со убедливи 46-25 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Чаир беше рамноправен во текот на првиот дел, и имаше водство на полувремето од 25-13. Во второто полувреме Чаир доминираше на теренот, а Кузман немаше сили да возврати и мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Теодора Дукоска со осум погодоци, во екипата на Кузман најефикасна беше Сандра Јовевска исто така со осум погодоци.
ЖРК Чаир 46-25 ЖРК Кузман
(фото-ЖРК Чаир)📷