УО на РФМ: Предлог за проширување на Супер лигата

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија денеска одржа онлајн состанок на која беа разгледани неколку точки.

Се зборуваше за проширување на Супер лигата, беа формирани комисии кои ќе ги разгледуваат промените и системот во Супер лигата, а и во младинските категории.

Роковите за активностите на комисиите се до 15 април, кои ќе бидат презентирани на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија во месец мај, а годишното собрание на РФМ предвидено е да биде одржано во месец јуни 2022 година.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.