Урбан Лесјак претставен во Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер го претстави голманот од Словенија, Урбан Лесјак кој пристигна од екипата на Хановер.

Урбан Лесјак кој има 32 години со тимот на Еурофарм Пелистер потпиша договор до 2024 година. Лесјак има настапувано за Целје и Хановер, а настапува и за репрезентацијата на Словенија.

Кога стигна опцијата за Битола, веднаш ми беше интересна. Градот го знаев, бидејќи играв тука со Хановер. Филип Кузмановски ми кажа многу убави зборови за клубот, градот, организацијата, сопственикот и засега сè функционира супер и едвај чекам да почнат натпреварите. Словенците имаат големо почитување за македонскиот ракомет. Знаеме што значеа Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер, кој е на добар пат. Имаме добар ростер, имаме луѓе зад нас во клубот кои добро работат и верувам дека ова е добар проект. Со голем ентузијазам гледам на проектот, бидејќи ако не беше така немаше ни да се одлучам да дојдам тука. Драго ми е што ќе имам голема одговорност, што ќе бидам битен за екипата. Верувам во својот квалитет и во квалитетот на екипата. Свесен сум дека голманската позиција е многу битна и ќе дадам сè од себе. Тешко е да оценам каква е екипата во овој момент. Тешки се нозете, доста трениравме и физички се подготвувавме. Имаме интелегентна екипа која може да игра повеќе начини на ракомет – од брз, до тактичен. Спремни сме за сè сезонава”, – изјави Урбан Лесјак.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести