Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува натпревар против Веспрем на домашен терен од Лигата на шампионите.
Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш за овој натпревар изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа.
“Секоја година Веспрем е подобар и подобар и носат уште подобри играчи. Ја ловат титулата од Лигата на шампионите со години, многу вложуваат и нам ни следи многу тежок натпревар. Максимално се спремаме, тие се сигурно еден од фаворитите за освојување на титулата во Лигата на шампионите и притисокот е врз нив. Ќе биде празник за градот, не доаѓа секој ден Веспрем во Битола и сите заедно ќе уживаме”, – изјави ракометарот на Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷