Уште се свежи спомените од неговите голови врежани во седмата национална титула. Сега, навивачите на Еурофарм Пелистер пак ќе уживаат во неговиот квалитет и класа. Еурофарм Пелистер ја отвори вратата за враќање на тунискиот интернационален, Усама Хосни.
Тој се врати во Битола по кратката авантура во Кувајт и мотивиран е како никогаш досега. Има 31 година, освојувал злато, сребро и бронза на Африканското првенство со Тунис, а голем дел од кариерата минал во Франција.
Усама Хосни на позицијата десен бек е гаранција и адут повеќе за Лигата на шампионите и домашните натпреварувања.


(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷