Усама Хосни се врати во Еурофарм Пелистер

По само една сезона пауза, тунискиот репрезентативец Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. 31-годишниот десен бек потпиша договор на една сезона и наскоро се очекува да пристигне во Битола.

Хосни го носеше дресот на Ал-Араби во сезоната 2023/24, откако со битолскиот клуб ја освои титулата сезона претходно. Освен во Македонија и Кувајт, Хосни настапуваше во својата земја, во Франција и Катар.

Претставувањето на Хосни во Битола е предвидено на стартот на подготовките, на крајот од месец јули.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.