Успешно заврши ракометниот турнир “5-ка за ракомет” организиран од ракометната школа Вардар – Охрид.
Ракометниот турнир се одржа во спортската сала “Билјанини Извори”, каде имаше 200 деца – учесници од следните екипи: Охрид, Струга – Динг, Пантери од Кичево, Јехона од Гостивар и Кале Вардар М&К од Кичево.
Индивидуалните награди ги добијаа: најдобар играч – Давид Најдески, најдобар голман – Нектариј Николоски, најдобар стрелец- Ербљин Селмани.
“Преку овој спортски настан се обидуваме на децата да им наметнеме претстава за голем ракомет како и натпреварувачки дух и натпреварувачки карактер. Од клубот им се заблагодаруваат на спонзорите и на Општина Охрид за безрезервната поддршка за организација на овој спортски настан кој се одржува веќе 3-та година,” – изјави Борис Џутески.
Прво место – Рк Струга Динг, второ место – РШ Вардар Охрид, трето место- Рк Јехона – Гостивар, четврто место- РШ Пантери & Кале Вардар.
(фото – РШ Вардар Охрид)📷