Успешно организиран турнирот за млади категории од организаторот Шампион (ФОТО)

Успешно беше одржан на 25.05.2025 година во ООУ ,,Кочо Рацин” – Петровец првиот ракометен турнир (Меморијален турнир-Марија Чивлачки) во машка и женска конкуренција како и мини ракомет од страна на Ракометниот клуб Шампион.

Во машка конкуренција, освојувач на првото место е екипата на Илинден Вардар, додека пак, во женската конкренција првото место го завзема екипата на ЖРК Шампион.

“Честитки до сите екипи и тренери. Голема благодарност до Општина Петровец како и останатите спонзори кои го поддржаа овој турнир”, – објавија од Рк Шампион.

(фото – Рк Шампион)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *