Екипата на Младост Богданци, која има високи амбиции во Првата лига се засили со нов ракометар.
Станува збор за поранешниот репрезентативец на Грузија ракометарот Уча Гамзардија (34 години) висок 175 цм, кој во Младост Богданци треба да остане најмалку пет месеци.
Инаку Уча е многу добро познат на нашата ракометна јавност бидејки истиот е веќе четврта година во Македонија, каде играше за суперлигашите Прилеп и Куманово.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷