Вечерва до 24 часот е рокот за продажба на блок билетите за двата домашни натпревари на Вардар во Лига Европа, со Мелсунген и со Бенфика.
Со блок билетите го резервирате вашето седиште за двете средби на Вардар во Лига Европа. Најевтините блок билети за двата натпревари чинат само 300 денари.
Продажбата на блок билетите ќе се одвива преку онлајн платформата на www.ticketx.com.mk и на блетарницата на СЦ „Јане Сандански“ од 10 до 18 часот. Купување на блок билет можете да направите на следниот линк – https://ticketx.com.mk/events/vardar-blok01.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








