Фан зона на Вардар пред дуелот со Веспрем

Од екипата на Вардар 1961 пред натпреварот против Веспрем најавија дека ќе има фан зона и забава со навивачите.

Фан зоната ќе биде организирана во склоп на СЦ “Јане Сандански” и ќе има Ди-Џеј за присутните, продажба на пијалоци и многу забава.

“Фан зоната ќе биде во задниот дел од салата кај тениските терени, ќе биде отворена од 16 часот па се до почетокот на натпреварот. Покрај убавата атмосфера ќе има и добра музика со Ди-Џеј за забава на присутните, продажба пијалоци. Но, тоа нема да биде се… Селфи е дозволено и пожелно. Маскотите што ги гледате во салата сега ќе бидат блиску до навивачите и ќе можете и со нив да се фотографирате,” – изјавија од Рк Вардар 1961.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести