Фан-зона пред натпреварот Еурофарм Пелистер и Загреб во Лигата на шампионите

Еурофарм Пелистер ја отвора својата фан-зона пред домашните натпревари од Лигата на шампионите.

Во среда, на десетти септември, од 18:45 часот на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, клубот подготвува забавно-музичка програма и заедно со партнерите, Училница и Конец, подготвува вкусна храна и пијалоци.

“Почнува нова шампионска приказна, која сакаме да ја пишуваме заедно со нашата армија навивачи и симпатизери и таа приказна да трае долго, долго во сезоната. Од почетокот на нашата европска сезона почнуваме нов проект со кој ќе се обидеме нашата дружба да биде подолга, поголема, позабавна… Подготвивме новини и за време на натпреварот. Во подтрибинскиот простор на спортската сала „Боро Чурлевски“ нашите партнери Училница и Конец ќе постават свои штандови за да го направат секој наш натпревар повкусен и позабавен”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

Ако уште не сте го купиле новиот дрес на шампионот и секое друго парче спортска опрема на Еурофарм Пелистер за сезоната 2025/26, шанса ќе имате пред почетокот на натпреварот против Загреб во фан-зоната и во подтрибинскиот простор.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *