Екипата на Феникс АМС оствари победа на домашен терен против екипата на Спартак со конечни 32-29 во плеј-аутот од Супер лигата.
Феникс АМС одигра добро прво полувреме и на полувреме замина со предност од 16-10. Во вториот дел продолжи добрата игра на Феникс АМС за на крај да забележи победа против Спартак.
Најефикасна во екипата на Феникс АМС беше Емилијана Ризоска со 15 погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановска со 15 погодоци.
(фото-ЖРК Феникс АМС)📷