Екипата на Феникс АМС забележа убедлива победа против Кузман Вардар со резултат 22-46 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
На полувреме Феникс АМС имаше убедлива предност од 11-23. Во второто полувреме Феникс АМС продолжи со добрата игра, за на крај да слави против Кузман Вардар.
Најефикасна во екипата на Феникс АМС беше Емилијана Ризоска со 23 погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Анастасија Ѓорѓиева со осум погодоци.
(фото-ЖРК Феникс АМС)📷