Феникс АМС ја совлада Гевгелија за прва победа во плеј-аут

Ракометарките на Феникс АМС забележаа победа на домашен терен против екипата на Гевгелија со конечни 31-28 во натпревар од плеј-аутот од Супер лигата.

Феникс АМС добро го одржуваше водството, и на пауза замина со минимално водство од 16-15. Во второто полувреме беше доста изедначено, но на крај Феникс АМС успеа да направи водство за прва победа во плеј-аутот.

Најефикасна во составот на Феникс АМС беше Емилијана Ризоска со 14 погодоци, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Драгица Митрова со шест погодоци.

(фото-ЖРК Феникс АМС)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести