Феран Соле во ПСЖ до 2024 година

Шпанското десно крило Феран Соле го продолжи договорот со францускиот тим на ПСЖ, на уште една сезона.

Тој потпиша договор до 2024 година. Соле претходно настапуваше за екипите на Грањолерс и Тулуз. Шпанецот настапува и за репрезентацијата на Шпанија.

„Продолжувањето во ракометниот Пари Сен Жермен беше приоритет за мене. Имам можност веќе три сезони да се развивам во висококвалитетна група, со талентирани играчи и под водство на еден од најдобрите тренери во светот. Клубот денес ја покажува својата доверба во мене со овој нов договор и им благодарам за тоа. Ќе продолжам да го давам максимумот за нашите бои и нашите поддржувачи, со амбиција да победиме во сите натпреварувања”, – изјави Феран Соле.

(фото – Рк ПСЖ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.