Филип Арсеновски го напушти тимот на Еурофарм Пелистер 2

Младиот ракометар Филип Арсеновски го напушти тимот на Еурофарм Пелистер 2, и ќе го има првиот интернационален предизвик во својата кариера.

Тој во продолжението од сезоната ќе настапува во швајцарскиот тим Амичитија Цирих. Арсеновски дојде во Еурофарм Пелистер 2 во сезоната 2019/20 и одигра две и пол сезони на високо ниво, со професионален пристап и максимално залагање.

“Рк Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека ракометарот Филип Арсеновски во иднина ќе го носи дресот на швајцарскиот клуб Амичитија Цирих. Клубот и ракометарот дојдоа до коректен спогодбен раскин, иако Арсеновски имаше договор и за остатокот на сезоната. Арсеновски дојде во Еурофарм Пелистер 2 во сезоната 2019/20 и одигра две и пол сезони на високо ниво, со професионален пристап и максимално залагање. Клубот му се заблагодарува и му посакува многу успеси во следните предизвици”, – соопштија од Рк Еурофарм Пелистер 2.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести