Филип Арсеновски е нов ракометар на Тинекс Пролет

Тинекс Пролет го договори првото засилување за новата натпреварувачка сезона, потпишувајќи со Филип Арсеновски.

24-годишниот пивот денеска го стави потписот на договорот со Тинекс Пролет, иако за неговите услуги беа заинтересирани уште неколку клубови од Супер лигата на Македонија.

Арсеновски е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија. Неколку сезони го носеше дресот на Металург од каде во 2020 година се пресели во редовите на Еурофарм Пелистер.

До почетокот на оваа година настапуваше за тимот на Еурофарм Пелистер 2, по што се пресели во швајцарскиот прволигаш Амичитиа Цирих од каде сега доаѓа во нашиот клуб.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.