Филип Арсеновски: Остваривме голем резултат за битолската публика и за градот

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ги стартуваше подготовките за новата сезона. Со своја изјава се истакна и ракометарот Филип Арсеновски.

“Нов почеток дури и со подмладена екипа во споредба со претходната сезона. Имаме неколку заминувања, неколку нови ракометари, но ќе продолжиме со истиот дух. Секако дека Еурофарм Пелистер 2 може да ја повтори претходната сезона во која бевме четвртопласирани. Остваривме голем резултат за битолската публика и за градот. Ќе ги повикам гледачите кога ќе ги играме европските натпревари да дојдат да нè поддржат, бидејќи ќе оставиме срце на терен. Првиот дел од подготовките ќе ги минеме во Битола, вториот од 13 август се селиме во Маврово, каде ќе играме контролни натпревари. Максимално ќе се подготвуваме за сезоната која ни претстои и за натпреварите во ЕХФ Лига Европа”, – изјави Филип Арсеновски.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.