Филип Додевски член на управниот одбор на ЖРК Куманово се стекна со сертификат од ЕХФ (ФОТО)

Членот на управниот одбор на ЖРК Куманово, Филип Додевски се стекна со сертификат од специјализираната програма Европски ракометен менаџер 2022/23 што ја организира Европската ракометна федерација (ЕХФ) во соработка со Универзитетот за Спорт од Келн (Германија).

Додевски е еден од ретките во регионот кој успешно ја заврши програмата, а претходно програмата ја завршија менаџери од врвни европски клубови , како што се Кил, Веспрем, Ѓер.

Програмата вклучува менаџирање со играчи, национални тимови, федерации и се одвива на секои две години на англиски јазик , а се состои од пет интердисциплинарни модули.

Секој модул вклучува теоретски и практични делови, кои ги учат експерти од различни области, вклучувајќи економија, право, комуникација и психологија. Вкупно се примаат 20 апликанти.

Филип Додевски од ЖРК Куманово (Македонија) беше еден од најдобрите учесници на програмата и сертификатот му беше доделен од страна на генералниот секретар на ЕХФ, господинот Мартин Хауслајтнер.

(фото – ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *