Екипата на Еурофарм Пелистер, по Никола Митревски промовира ново големо засилување на голманската позиција.
Голманот со големо интернационално искуство, Филип Ивиќ, е нов член на клубот. 31-годишниот Ивиќ доаѓа во Битола како слободен ракометар по истекот на договорот со францускиот Шамбери.
195-сантиметри високиот загрепчанин кариерата ја започна во матичниот клуб, играше во полскиот Киелце, бундеслигашот Гумерсбах, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко, па пак назад во Загреб и минатата сезона во Шамбери. Ивиќ долги години го носи дресот на националниот тим и настапи и на последното Европско првенство во Германија. Новиот голман на Еурофарм Пелистер потпиша договор на две години со клубот.
Официјалното претставување на голманот Филип Ивиќ во Битола е предвидено на крајот на месец мај.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷