Филип Ивиќ промовиран во Еурофарм Пелистер (ФОТО)

Од оваа сезона нов член на Еурофарм Пелистер е хрватскиот репрезентативен голман Филип Ивиќ.

Голот на Еурофарм Пелистер ќе го чува искусен и проверен голман, кој низ професионалната кариера настапувал во ракометни земји како Хрватска, Полска, Германија, Словенија, Франција.

31-годишниот Ивиќ е загрепчанец и изданок на школата на поранешниот европски првак Загреб. Освен за матичниот клуб менуваше искуства во повеќе шампионати. Три сезони играше во Киелце, по една во Гумерсбах и Целје Пивоварна Лашко и две во Шамбери.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.