Екипата на Хановер каде што настапува Филип Кузмановски ја совлада екипата на Хамбург со конечни 29-27 во натпревар од 26. коло во Бундес лигата во Германија.
Филип Кузмановски на овој натпревар постигна четири погодоци од пет обиди кон голот на Хамбург.
Штутгарт каде настапува Жарко Пешевски загуби од Рајн Некар Левен со 28-23, на овој натпревар Жарко Пешевски имаше еден погодок.
(фото-Рк Хановер)📷