Филип Кузмановски поради повреда ќе паузира подолг временски период

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски поради повреда ќе паузира подолг временски период.

Тој на квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Турција се повреди, и беше изнесен на носилки од медицинските лица во СЦ “Борис Трајковски”. Потврдено е дека Кузмановски има скинато лигаменти, па го чека долга пауза.

(фото – Рк Вецлар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.