Се одиграа натпревари од 33. коло од Бундес лигата во Германија, а настап имаа двајца македонци со нивните клубови.
Екипата на Штутгарт каде настапува Жарко Пешевски славеше против Хамбург со 27-32. На овој натпревар Пешевски имаше три погодоци од исто толку обиди.
Тимот на Хановер каде настапува Филип Кузмановски загуби минимално од Либек со 21-20. Филип Кузмановски имаше два погодоци од четири обиди.
(фото – Фејсбук/Филип Кузмановски)📷