Екипата на Хановер каде настапува Филип Кузмановски забележа победа против Мелсунген со 22-29 во натпревар од Бундес лигата.
На овој натпревар Филип Кузмановски имаше шест гола од осум обиди. Најефикасен во екипата на Хановер беше Винсент Бучер со осум погодоци, додека кај екипата на Мелсунген најефикасен беше Тобијас Рајхтман со шест погодоци.
Екипата на Хановер на табелата во Бундес лигата се наоѓа на 14. позиција.
(фото-Рк Хановер)📷